Со голот на Един Џеко во последните секунди од мечот, тимот на Интер триумфираше со многу потешкотии на домашен терен против екипата на Венеција со конечни 2:1.
Домаќинот, иако фаворит, едвај „извади“ победа на овој натпревар против мотивираниот тим на Венеција. Томас Хенри ги доведе гостите во првиот дел, Барела пред полувреме изедначи на 1:1.
Интер напаѓаше, инсистираше на втор и воедно и победнички погодок, и истиот пристигна по ударот со глава на Босанскиот интернационалец кој му донесе на Интер многу важен триумф.
Интер секако и натаму е лидер на табелата но овојпат со 53. бодови, додека пак Венеција со 18. бодови е 17.