По заминувањето на Александар Васоски, се шпекулираше со многу имиња како негов наследник на клупата на Академија Пандев. Сепак струмичани се одлучија за домашно решение, па така пред неколку денови беше промовиран Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на струката. Денеска пак клубот ги промовираше и неговите соработници, тие што ќе му помагаат во работата. А тоа се Тони Атанасов и Мартин Алаѓозовски како тренери – асистенти, кондицски тренер е Дарко Коцев а тренер на голманите е Томи Пандев.
Инаку екипата на Академија Пандев веќе неколку дена е на подготовки во Анталија, првата контрола е закажана за недела (23 јануари) и тоа против Нови Пазарм, тим од Србија.