Ангели од 13-ти обид до историска победа во Првата лига

228

Велат кој чека – ќе дочека. На Ангели му беа потребни 13. кола за да дојде до првата победа во дебитанската сезона во Првата лига. Тимот од Кисела Вода го доби дерби дуелот од дното на табелата со МЗТ Скопје 2, го совлада со 81-82 и заслужено се радуваше на бодовите.

Избраниците на Горан Георгиевски имаа водство речиси во голем дел од мечот. Во првата четвртина поведоа со 17-25, имаа и двоцифрени (11-21 и 13-25). Двоцифрената разлика ја одржуваа и во продолжение, на средината на вториот период имаа плус 15 (22-37). Кошаркарите на МЗТ Скопје 2 не паднаа, на одморот намалија на 41-45.

Во третиот период домаќинот на момент го врати водството, но гостите одново ја превземаа инцијативата. Во решавачките десет минути на двапати имаа плус десет (59-69 и 62-72), но не успеаја без проблем да го приведат дуелот. Беше вистинска драма во последните минути, но со среќен крај за Ангели.

Грифин Раме беше џокерот кај гостите со 32 поени и 8 скока, Атанасов имаше 15 поени, додека Митев 13. На другата страна Рансом постигна 24 поени.

ПретходноМанчини ќе не напаѓа со Балотели во баражот
СледноСензација на ЕУРО: Исланд со Б тим ја растури Франција!