Монтел Даглас ќе биде првата Британка која учествувала на две олимпијади и тоа една летна и една зимска. Таа е дел од британскиот тим во боб санка за Игрите во Пекинг кои ќе започнат во февруари оваа година.
Даглас ќе биде дел од двоседот во боб санкање заедно со колешката Мика Мекнил, а пред четири години во Пјонгчанг беше прва резерва.
Инаку ова е сосема нова дисциплина за неа. Таа беше дел од летните Олимписки игри во Пекинг во 2008 година и тоа се натпреваруваше на 100 метри како и штафетата 4х100 метри.