Тимот на Виљареал немаше поголеми проблеми попладнево да стигне до нов домашен триумф во Примера, откако со 3:0 ја совлада Мајорка.
Со навреме постигнати голови, автоголот на Русо во 12. минута, како и Тригерос во 34. минута, Виљареал рано на овој меч покажа дека нема намера да губи бодови денеска. Триуфмот беше потврден од страна на Парехо во последните моменти од мечот со удар од белата точка.
Со овој триумф Виљареал е шест на табелата со 32. бода, додека пак Мајорка е пред самата зона за исаѓање со 20 поени.