Давид Дејвис е четвртиот Шпанец кој ќе го води тимот на Вардар. Откако актуелниот македонски првак не успеа да дојде до посакуваните резултати со Веселин Вујовиќ, раководството на клубот одлучи да се раздели со него.
Дејвис, кој со ѕвездениот тим на Веспрем не успеа да донесе титула на унгарскиот тим во Лигата на шампионите, ќе има за задача да го однесе Вардар во четвртфиналето во ЛШ, фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига и да ги освои двете титули во домашниот шампионат.
Шпанецот е една недела во Скопје, засега не најавува нови имиња, бидејќи истите тешко се наоѓаат на пазарот. Но, верува дека со добра работа може да се стигне до посакуваната цел.
„Ќе работам со оваа екипа, во овој период е тешко да се најдат засилувања. Со актуелниот тим одиме по посакуваните цели. Една недела сум во Скопје, екипата не е комплетна. Доколку биде неопсходно, ќе збориме со Михајло за да донесеме одредено засилување. Со работа може да се стигне до целта“, изјави Давид Дејвис во гостувањето во Телма во емисијата „Фер-плеј“.