Кари со звукот на сирената, тажна историја на Јокиќ (ВИДЕО)

515

Маестралниот Стеф Кари му донесе победа на Голден Стејт над Хјустон од 105-103. Тој ја презеде одговорноста, се ослободи од својот чувар и со звукот на сирената погоди за голема радост во редовите на Вориорс.

Голден Стејт во текот на целиот меч ја имаа контролата на мечот, но во финишот кошаркарите беа изненадени од последнопласираниот тим во Западната конференција.

Кари со 22 поени, 4 скока и 12 асистенции беше прв стрелец, Пул имаше 20 поени, додека Вигинс 17. На другата страна Вуд имаше 19 поени и 15 скока.

Голден Стејт се наоѓа зад Феникс на второто место на табелата во Западот со скор од 33 победи и 13 порази.

Мемфис го совлада Денвер на гостински терен со 118-122 во ново одлично издание на Никола Јокиќ. Српскиот центар испиа испиша историја, стана првиот кошаркар на Нагетси кои успеал да запише четири трипл-дабли во низа. Тој на вечната листа се наоѓа на седмото место зад Чембрлен со 68 вакви учиноци.

Ова беше 21 пораз за Денвер, со 23 победи е шестти во Западот, додека Мемфис е на третото место.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Оклахома 121-98, Орландо – ЛА Лејкерс 10-5-106, Филаделфија – ЛА Клиперс 101-102, Атланта – Мајами 110-108, Бостон – Портланд 106-109, Милвоки – Чикаго 94-90, Вашингтон – Торонто 105-109, Сан Антонио – Бруклин 102-117, Денвер – Мемфис 118-122, Јута – Детроит 111-101, Голден Стејт – Хјустон 105-103.

ПретходноКалин Ивановски по голема борба загуби од Русинот на Австралија Опен
СледноНачевски и Николов во центарот во Будимпешта