На вчерашното собрание на КК Пелистер избрани се новите раководни тела на клубот.
Зоран Талевски ќе ја извршува претседателската функција, додека пак
Мартин Јовановски е нов спортски директор.
“Именуван е нов управен одбор кој ќе раководи со клубот. Претседателот и спортскиот директор ќе им се обратат на јавноста во текот на следната недела”, велат од Пелистер.
Битолчани се лидери во прволигашката конкуренција, имаат 12 победи во исто толку одиграни натпревари.