На екипата на Леванте и се „смешка“ преселба во Втора лига од наредната сезона. Тимот за кој игра Енис Барди не успеа да го победи ни Кадиз, кој им е директен ривал за опстанок. Всушност тимот од Валенсија го загуби мечот со 0:2 и остана закован на дното на табелата со девет бода оддалечен од сигурната зона. Кадиз е на позиција број 18.
Алваро Негредо ја начна мрежата на Леванте во 34. минута, а конечниот резултат го постави Санчез во 74. минута. Барди играше до 55 минута.