Македонскиот стратег Јошко Миленкоски ја препороди екипата на Финикас во грчката одбојкарка елита. Освен што го освои Суперкупот на Грција, Финикас по враќањето на терен по ковид-кризата во која беа заразени скоро сите одбојкари и нашиот стратег врза две последователни победи, меѓу која и онаа вчерашната на гостински терен против лидерот и актуелен шампион Олимпијакос со 3:2.
Тимот предводен од нашиот некогашен селектор славеше на гостински терен, со што во еден месец оствари две победи над Олимпијакос и покажа дека под водство на Миленкоски тимот ќе се бори за висок пласман и во плеј-офот.
Standings provided by SofaScore LiveScore