Момент за историја: Рајдинг и донесе на Британија прва победа во Светскиот куп!

124

Момент за историја во слаломската трка во Кицбил, Австрија. Дејв Рајдинг победи во слаломската трка во Кицбил и со тоа на Британија и ја обезбеди првата победа во Светскиот куп во алпско скијање.

„Никогаш не престанав да верувам. Никогаш не се откажав од обидите за победа. Да се донесе првата победа за Британија во СК е нешто неверојатно, исполнување на сонот“, изјави 35-годишниот Рајдинг.

Тој беше шести по првото возење но имаше фантастично второ возење со што ги остави зад себе Норвежаните Лукас Братен и Хенрик Кристоферсен. Неговото време е 1:41.26 што е за 38 стотинки подобро од она на Братен.

Утре во Кицбил е уште еден спуст, а првиот кој се возеше во петокот го освои Александер Килде.

 

ПретходноЕвертон загуби, навивачите со шишиња погодија двајца играчи на Астон Вила (видео)
СледноВоска со 9:0 го “торпедираше“ Братство!