Начевски и Николов во центарот во Будимпешта

839

Македонската судиска двојка доби ново делегирање на Европското првенство, прво во главната рунда. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на дербито меѓу Франција и Исланд, кое се игра во Будимпешта со почеток во 18 часот.

Француските ракометари со победа ќе направат чекор напред кон полуфиналето, победата е важна за Исланд, мора да победи доколку сака да остане во игра за првите две места во групата 1.

Македонскиот тандем претходно беа делегирани на Словачка – Литванија и Германија – Полска.

ПретходноКари со звукот на сирената, тажна историја на Јокиќ (ВИДЕО)
СледноХрвати сакале да го претепаат Кирјиос во соблекувалната