Приказната продолжува: Боб-тимот на Јамајка се квалификува на ОИ 2022

157

Јамајка повторно ќе има тим во боб-санкање на Олимписките игри. Оваа година во Пекинг ќе ги гледаме натпреварувачите од оваа егзотична земја во која зимските спортови воопшто ги нема со оглед на временските услови кои владеат на Карибите.
Јамајка ќе учествува во четворосед за прв пат по 1998 година во Нагано, и 34 години по дебито на зимските Олимписки игри во 1988 година во Калгари што беше инспирација на филмот на Дизни „Cool Runnings“.
Главните возачи се Шонвејн Стивенс и Нимрој Таргот, додека комплетниот боб-тим го сочинуваат уште Ешли Вотсон, Метју Векпе и Вејн Мекперсон.
Исто така за прв пат во историјата Јамајка ќе учествува во три различни дисциплини во боб-санкање. Освен во четворосед, ќе се натпреварува во двосед во машка конкуренција и едносед во женска категорија.
Како дополнување Јамајка ќе има и претставник во алпско скијање, во Пекинг се квалификува Бенџамин Александер, поранешен ди-џеј од Хонг Конг кој има потекло од Јамајка.

ПретходноКК Пелистер има нов претседател и спортски директор
СледноХаланд не запира, нов гол и триумф на Дортмунд (ВИДЕО)