Во својата втора контрола од подготовките во Анталија, есенскиот првак во ПМФЛ, тимот на Шкупи успеа да ја извојува својата прва победа. Попладнево момците на тренерот Гоце Седлоски успеаја да слават во пријателски меч над составот на Сумгаит од Азербејџан со 2:1. Чаирчани беа подобар тим во текот на целиот меч, имаа повеќе шанси, на крајот резултатот беше само 2:1. Радески во 38.минута донесе водтство, со тој резултат се замина на пауза. Во 62.минута Шкупи даде гол, но во својата мрежа. Несречна реакција на Чешмеџиев кој си постигна атрактивен автогол за 1:1. Сепак само три минути подоцна, мајсторска реакција на Сандеј Адетунџи за 2:1.