Продолжува прволигашката битка: Коронавирус, три пасивни тимови и проблеми!

209

Денеска и официјално продолжува Првата лига во најсилната кошаркарска конкуренција во Македонија. Ако се земат во предвид претходните натпревари, изненадувањата нема да изостанат.

Лидер е Пелистер кој има 12 победи во исто толку одиграни натпревари. Битолчани првиот дуел од вториот дел го играат утре против Академија ФМП на домашен терен, во составот го немаат Бојан Трајковски, се засилија со Предраг Пајиќ.

За денешната програма се закажани три меча, во центарот на вниманието е мечот меѓу Феникс и Работнички. Најтрофејниот кошаркарски колектив се соочува со проблеми, остана без услугите на двајцата веројатно и најдобри играчи во првиот дел, Недим Мустафица и Пол Џексон, а се споменува дека на клупата поради здравствени проблеми нема да биде Тониќ Симиќ, додека Ѓорѓи Чековски си поднел оставка, згора на се тимот од „Градски парк“ мака мачи со финансии.

Сето ова ќе биде добредојдено за Феникс, кој го има Бојан Трајковски и кој во првиот дел се покажа како вистинска сензација, дуелот е закажан во 20 часот.

Претходно во 17 часот, МЗТ Скопје 2 ќе се сретне со Ангели, додека во Куманово ќе гостува Гостивар (18 часот).

За недела е закажан и мечот меѓу Кожув и МЗТ Скопје. Една средба нема да се одигра, поради позитивни лица на Ковид-19 одложена е пресметката меѓу ТФТ и Еуро Никел.

ТРИ ПАСИВНИ ТИМА ВО ПРЕОДНИОТ РОК

Дел од тимовите го искористија правото за нови засилувања, дел одлучија да останат со истиот состав. Гостивар, МЗТ Скопје УБ и Навико Академика ФМП немаат никакви промени и во вториот дел од сезоната ќе играат со истите состави.

Во продолжение погледнете ги сите заминувања и засилувања.

РАБОТНИЧКИ

Дојдоа: /

Заминаа: Недим Мустафица (Искра Свит – Словачка), Пол Џексон (Зјелона Гора – Полска), Јован Александровски (Чаир 2030)

ПЕЛИСТЕР

Дојдоа: Предраг Пајиќ (Кожув)

Заминаа: Бојан Трајковски (Феникс)

КУМАНОВО 2009

Дојдоа: Александар Андрејевиќ (Хуеска – Шпанија)

Заминаа: Срѓан Лаловиќ (???)

КОЖУВ

Дојдоа: Александар Штерјов (Еуро Никел), Тревон Бродвеј (ТФТ), Елџеј Каухерд (САД), Мајлс Томпсон (САД)

Заминаа: Кирил Николовски (Еуро Никел), Марко Симоновски (Хејат – Иран), Предраг Пајиќ (Пелистер), Чаз Вилијамс (Мориен – Франција), Еди Синадиновиќ (Храдец – Чешка), Влатко Граниќ (Черноморец – Бугарија)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Дојдоа: /

Заминаа: Дастин Вер (Шалон Ремс)

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Дојдоа: /

Заминаа: /

ЕУРО НИКЕЛ 2005

Дојдоа: Кирил Николовски (Кожув)

Заминаа: Александар Штерјов (Кожув), Милан Милков (Ангели)

 

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА

Дојдоа: /

Заминаа: /

ГОСТИВАР

Дојдоа: /

Заминаа: /

ТФТ

Дојдоа: Џермејн Бишоп (Индиос де Мајагес – Порторико), Мајк Нвазабур (САД)

Заминаа: Еј Џеј Џон (САД), Тревон Бродвеј (Кожув)

ФЕНИКС 2010

Дојдоа: Бојан Трајковски (Пелистер)

Заминаа: Дејвид Онуорах (???), Елвис Хот (крај на кариера)

АНГЕЛИ

Дојдоа: Милан Милков (Еуро Никел), Душан Бубања (???), Стефан Мрџан (???), Грифин Раме (САД)

Заминаа: /

 

ПретходноМиленкоски со Финикас незапирливи: Падна и Олимпијакос на гости
СледноМанчестер Ј. е „златна кокошка“: Вудворд во една година „наплатил“ 3 милиони од касата на „ѓаволите“