Во меч од 23.коло во Премиер – лигата, изненадување, сензација на „Сент Мери“ во Саутемптон. Сопрена е серијата на шампионот Манчестер Сити од 12 победи по ред во Премиер – лигата. А таа серија вечерва ја прекина тимот на Саутемптон кој одигра 1:1 со големиот фаворит.
Интересно, домашните водеа и со 1:0 и тоа со голот на Вокер – Питерс уште во 7.минута. Четата на Пеп Гвардиола израмни на 1:1 во 65.минута и тоа со голот на Лапорт. Јасно е дека следуваше потоа драма на средбата. “Граѓаните“ тргнаа со сите сили во напад, имаа шанси, идеални можности, но сепак одбраната на Саутемптон издржа и на крај освои голем бод.