Севилја се спасуваше од пораз против Селта!

119

Разочарувачки 2:2 за Севилја, една од екипите кои се бори за титулата во Ла Лига, и тоа против Селта на свој терен во меч од 22.коло.

Интересно е тоа што гостите од Виго водеа дури со 0:2, и тоа со головите на Черви и Аспас во 37. и 40,.минута.

Домашните беа пред пораз, што секако дека ќе беше шок за нив и нивните фанови. Сепак, Папу Гомез во 71.минута прво намали на 1:2, за да Торес три минути подоцна, успеа да ги постави конечните 2:2.

Нема што, Севилја загуби големи два бода, сега има три бода помалку од водечкиот Реал кој има и меч помалку.

ПретходноСаутемптон го „сопна“ Сити!
СледноДавид Дејвис: Тешко е да се најдат засилувања, Вардар со работа може да стигне до целта!