Нова драма кога игра Атлетико Мадрид, и тоа за фановите на овој тим. Вечерва на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид, домашната екипа во драматичен финиш успеа да победи со 3:2 против Валенсија иако до 90.минута губеше со 1:2. Спектакуларни минути во самиот финиш на овој натпревар. Тоа беше натпревар со многу прекршоци, со многу жолти картони, кој на крајот го добија домашните. За Валенсија стрелци беа Муса и Дуро во првото полувреме, додека Куња во 64.минута стрелаше за Атлетико Мадрид за 1:2.
И потоа дојде драмата.Прво во 90.минута Кореа израмни на 2:2, за да Хермосо во 90+3.минута стрелаше за 3:2, за еуфорија на “Ванда Метрополитано“, за еуфорија кај Диего Симеоне.
Овој меч се играше неверојатни 101 минута.