Иако до 24 март и полуфиналниот меч од плеј – офот за пласман на СП во Катар против Италија во Палермо, има уште многу, сепак медиумите во таа земја уште отсега ја “подгреваат“ атмосферата со интервјуа со нашите репрезентативци.
Па така за „Тутомеркатовеб“ свој коментар имаше Александар Трајковски. Македонецот кој некогаш играше токму за Палермо.
“Прекрасно, ќе се вратам таму каде што играв навистина добро. Тоа ќе биде добар натпревар, возбудлив, како за мене така и за Македонија. Имаме можност да одиме на СП, и затоа ќе играме со срце во Палермо, не се откажуваме. Јасно е дека Пандев ќе ни недостига многу, но и ние останатите имаме квалитет“ рече покрај другото Трајковски кој сега е член на данскиот Алборг.