Црна Гора и Холандија дадоа одличен вовед на вторите дуели во групата И, која се игра во Будимпешта. На теренот се водеше вистинска битка за бодови, на крајот победа ја однесе Холандија која славеше со 30-34 (16-18) и тоа без селекторот Ерлингур Ричардсон, кој е позитивен.
Со овој пораз Црногорците направија чекор назад во битката за петото место на ова ЕУРО, истата сега ја искомплицира токму Холандија, која ги освои првите бодови во главната рунда.
Ван Лејвен е името за кое од денеска ќе се зборува. 34-годишниот голман запиша 15 интервенции и беше клучната фигура во триумфот на „лалињата“. Смитс запиша девет гола, по шест запишаа Фалко и Стеинс. На другата страна Симиќ имаше десет интервенции, по шест погодоци запишаа Чепиќ и Бранко Вујовиќ.
HALF-TIME: @Handbalheren 🇳🇱 go to the break with an 18:16 lead over @rukometnisavez 🇲🇪 – this one’s close!#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/LDE31O8OFD
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2022
Одлично прво полувреме, поделено на два дела. Првиот им припадна на Црногорците, предводени од Симиќ и неговите седум одбрани, одличните Бранко Вујовиќ и Чепиќ поведоа со 7-3, 8-5 и 10-6. По последните плус три 11-8, Холандија со три гола во низа изедначи на 11-11, успеа да ја пробие одбраната на противникот, Симиќ беше тивок. Во 25. минута за првпат поведе на дуелот со 13-15. Не застанаа „лалињата“, највисоката позитива беше 15-18, благодарение на неверојатниот Кај Смитс, кој во овој дел постигна седум гола. На полувремето беше 16-18.
He arrived yesterday, and this is his first ever #ehfeuro match: Thijs van Leeuwen in the @Handbalheren 🇳🇱 goal 🔥#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/MVEOmrI4no
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2022
Холандија ја одржуваше позитивата од три гола (17-20), избраниците на Зоран Рогановиќ имаа три загубени топки во три минути. Смитс не реализираше за плус четири. Најдобриот стрелец заработи исклучување, а Црна Гора зеде сила, во 40. минута дојде на минус еден 21-20 со головите на Чавор и Грбовиќ.
Пред средината на второто полувреме, Црногорците не искористија да изедначат. Божовиќ доби исклучување, па противникот дојде на плус два (23-25) со голот на Фалке.
Холанѓаните благодарение на својот одличен голман Ван Лејвен, држеа ритам и предност од три гол. Чуварот на мрежата на „лалињата“ сплет на околностите беше повикан да брани за својата земја. И Фалке се разигра, Смитс се дополни за плус пет 25-30 на девет минути до крајот.
Рогановиќ се обиде со „седум на шест“, но времето беше на страна на противникот. На крајот онаа серија од три победи во низа заврши токму против една од најголемите сензации на ова ЕУРО.