Чави: Ансу Фати мора да закрепне пред се психички

203

Тренерот на Барселона, Чави на денешната прес конференција пред викенд мечот со Алавес, се осврна на ситуацијата со Ансу Фати и неговата последна повреда. Младиот напаѓач во солзи го напушти последниот меч на Каталонците, а Чави денеска објасни дека проблемот не е само во повредата туку и во психолошкиот момент кај младиот играч.

„Ансу се чувствува ужасно.  Ситуацијата е крајно непријатна и веќе се сретнавме со него и неговото семејство. Нему му треба не само физичко, туку и ментално закрепнување. Неговата состојба негативно влијае на сите нас, но тој е најголемата жртва. Посакувам Ансу никогаш повеќе да не се повреди, но тоа се работи кои не можеме да ги контролираме“ – изјави Чави. 

 

ПретходноСензација на ЕУРО: Исланд со Б тим ја растури Франција!
СледноЏеко е џокерот на Интер (ВИДЕО)