Чупиќ на три гола до остварувањето на Лазаров

824

Денеска продолжуваат мечевите на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка. На програмата се три меча од групата 1, која се игра во Будимпешта.

Хрватска по поразот од Црна Гора има тешка задача, игра против Данска, дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот.

На оваа средба Иван Чупиќ ќе има шанса да го израмни достигнувањето на Кирил Лазаров. Македонската гол-машина е на деветото место на најдобри стрелеци на вечната листа со 182 гола. На екс-вардарецот му се потребни три гола за да дојде до оваа бројка, а ќе има шанса да запише многу повеќе и да го мине Лазаров.

Кире до овој учинок дојде од 2012 до 2020 година. Исто толку голови има и Јан Филип. Лазаров на ова Европско првенство, кое требаше да биде последно големо натпреварување за него поради повреда не настапи, ја извршуваше само селекторската функција.

Лидер е Сигурдсон со 288 гола, зад него е Никола Карабатиќ.

ПретходноКалин Ивановски ги освои срцата на Македонците во Мелбурн (ФОТО)
СледноЦрногорец му раскажа виц за Надал и Федерер, Ѓоковиќ „умре од смеење“ (ВИДЕО)