Новак Ѓоковиќ не доби шанса да ја брани титулата на Австралија Опен, откако Федералниот суд ја поништи неговата виза и го депортираше од оваа земја.
Српскиот тенисер прво слета во Белград, а потоа замина во Црна Гора каде ги полни батериите по стресните денови минати во Австралија.
Познатиот комичар на Црна Гора, Дејан Радуловиќ го начека Ноле во еден ресторан во Тиват и успеа убаво да го насмее Новак. Тој му раскажа виц за Роџер Федерер и Рафаел Надал.
View this post on Instagram