Џеко е џокерот на Интер (ВИДЕО)

194

Со голот на Един Џеко во последните секунди од мечот, тимот на Интер триумфираше со многу потешкотии на домашен терен против екипата на Венеција со конечни 2:1.

Домаќинот, иако фаворит, едвај „извади“ победа на овој натпревар против мотивираниот  тим на Венеција. Томас Хенри ги доведе гостите во првиот дел, Барела пред полувреме изедначи на 1:1.

Интер напаѓаше, инсистираше на втор и воедно и победнички погодок, и истиот пристигна по ударот со глава на Босанскиот интернационалец кој  му донесе на Интер многу важен триумф.

Интер секако и натаму е лидер на табелата но овојпат со 53. бодови, додека пак Венеција со 18. бодови е 17.

ПретходноЧави: Ансу Фати мора да закрепне пред се психички
СледноГостивар убедлив во Куманово