Алими има проблем со тетивата, на прегледи во Скопје

508

Арменд Алими, еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ во последните неколку години по неполн месец во составот на Работнички се пожали на повреда. За време на подготовките на Работнички во Анталија тој почувствувал болки во тетивата, по што експресно се врати во Скопје.

Според информациите, тој денеска треба да оди на специјалистички прегледи за да се види сериозноста на повредата. „Романтичарите“ во него гледаат големо засилување за преостанатиот дел од сезоната.

ПретходноНаскоро промоција: Марјан Секуловски ќе биде нов тренер на Пелистер
СледноМедведев убедливо до осминафинале на АО