Воска со 9:0 го “торпедираше“ Братство!

612

Воска Спорт на првата пријателска средба оваа зима ја покажа својата сила. Успеа да го победи тимот на Братство со 9:0(3:0), според шансите на денешната контрола во Охрид, резултатот требаше да биде двоцифрен. Но колку за првата контрола и ова е добар резултат за момците на стратегот Раде Цицмиловиќ.

Стрелци на головите за Воска Спорт беа Емини 2, Размоски 2, Велјаноски, Алиу, Мурати, Гафури и Митковски. Во својот прв настап за својот нов тим, Арѓент Гафури постигна гол за Воска Спорт.

ПретходноМомент за историја: Рајдинг и донесе на Британија прва победа во Светскиот куп!
СледноПријателска во Анталија: Шкупи со триумф над Сумгаит! (ВИДЕО)