Гостивар дојде до осмата победа во Првата лига и привремено се искачи на третото место на табелата, дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на 13. коло. Избраниците на Александар Јончевски беа подобри од Куманово на гостински терен со убедливи 84-96. Со овој пораз домаќинот речиси остана без шанси за пласман во Супер-лигата.
Јанески со 31 поен беше лидер во редовите на Гостивар, зад него Вокри со 18 и Ефремовски со 17 поени. На другата страна Абром запиша 27 поени, осум скока и седум асистенции.
Гостите доминираа во првите десет минути во кои реализираа дури 30. поени, поведоа со 12 поени разлика. Куманово успеа да се врати во следниот период, на одморот замина со 46-43.
Со седум поени на Јанески за серија од 15-2, Гостивар се одвои на двоцифрени плус десет поени (58:48), по само 4:20 минута играње во продолжението од средбата во Куманово.
Кумановци се доближија уште еднаш, дојдоа до (61:63), но во последните две минути од тој дел, гостите го одбија и тој напад, и на истекот на третиот период, имаа повисоки (72:65).
Куманово намали на 71:72, но во вистински момент за гостинската екипа, „се вклучи“ Ефремовски. Репрезентативниот бек беше најзаслужен за новото сигурно водство (80:71) по нецели четири минути од последната четвртина.