Гоџа ја „освои“ Кортина и ја запиша шестата победа во Светскиот куп

73

Италијанката Софија Гоџа триумфираше на денешниот спуст во италијанскиот „Кортина Д’Ампецо“ во рамките на Светскиот куп. Таа стигна до победата со време од 1:06.98. Австријката Рамона Зибенхофер го освои второто место со заостанување од 20 стотинки, а на третото место се најде Естер Ледецка од Чешка.

Водечка во генералниот пласман е Микаела Шифрин со 966 бодиви, 37 поени повеќе од Влхова.

Во спуст води Гоџа со 400 поени, а втора е Зибенхофер со 264 бода.

Инаку Гоџа стигна до шестата победа во Светскиот куп сезонава, а вкупно 17-та во кариерата.

ПретходноБританка пишува историја – Беше дел од летните ОИ, а сега ќе настапи на зимските
СледноДаниел Ацев до јуни ќе го носи дресот на суперлигашот Охрид!