Манчестер Ј. е „златна кокошка“: Вудворд во една година „наплатил“ 3 милиони од касата на „ѓаволите“

212

Манчестер Јунајтед вчера го објави својот финансиски извештај за 2020/21 година до Компаниите. Од извештајните податоци, стана познато дека потпретседателот на клубот, кој не беше омилен кај навивачите, Ед Вудворд, заработил 2,9 милиони фунти само за една сезона. Ова е највисока заработувачка која ја остварил некој од челниците на клубовите во Премиер лигата во период од една година.

За одбележување е тоа што во однос на сезоната 2019/20, менаџерската плата му е намалена за 171.000 фунти.

Вудворд најави дека си заминува од функцијата во клубот на 1 февруари оваа година. На негово место ќе дојде Ричард Арнолд.

ПретходноПродолжува прволигашката битка: Коронавирус, три пасивни тимови и проблеми!
СледноНова главоболка за Чави: Фати мора на операција, за него сезоната заврши