Медведев убедливо до осминафинале на АО

90

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6:4, 6:4, 6:2. Минатогодишниот финалист во осминафиналето ќе игра против 70. тенисер во светот, Американецот Максим Креси, кој беше подобар од Австралиецот Крис О’Конел со 6:2, 6:7, 6:3, 6:2.

Гркот Стефанос Циципас, четвртиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето откако беше подобар од Французинот Беноа Пер со 6:3, 7:5, 6:7, 6:4. Следен противник ќе му биде Американецот Тејлор Фриц.

Пласман во осминафиналето обезбеди и деветтиот на АТП листата, Канаѓанецот Феликс Ожер-Алиасим, кој славеше против Британецот Даниел Еванс со 6:4, 6:1, 6:1.

ПретходноАлими има проблем со тетивата, на прегледи во Скопје
СледноМиленкоски со Финикас незапирливи: Падна и Олимпијакос на гости