Седлоска во „транс“ – испорача 11 гола во поразот на Локомoтива Загреб

633

Неверојатна партија на Андреа Седлоска во дресот на Локомотива Загреб. Македонската репрезентативка блескаше на дуелот против Безансон во рамките на третото коло во Европската лига, за жал нејзиниот учинок не беше доволен за победа на гостински терен, хрватската екипа беше совладана со 28-27 за втор пораз.

Домашниот состав доминираше во голем дел од мечот, по првото полувреме имаше позитива од 16-11. Во вториот дел, пред самиот крај Локомотива се врати, но немаше доволно време за целосен пресврт, на крајот се избори за достоен пораз.

Седлоска лансираше 11 погодоци од 14 обиди, осум од нив ги постигна во првото полувреме. Одамна македонска ракометарка нема постигнато двоцифрен број на голови, а Андреа е една од големите ракометни надежи.

Локомотива останува последна на табелата во групата А со два порази во исто толку одиграни натпревари.

ПретходноВардар договори три контроли во Анталија!
СледноКАКОВ СРАМ: Работнички го допре дното, Феникс си поигра со најтрофејниот (ФОТО)