Исланд е една од репрезентациите која се соочи со најголеми проблеми кога станува збор за коронавирус. Последни кои отпаднаа од составот пред дуелот беа Јанус Смарасон и Арнор Арнорсон, од претходно позитивни беа: Арон Палмарсон, Гисли Кристијанон, Бјоргвин Густафсон, Олафур Гудмундсон и Бјарки Мар Елисон…
Сето ова не беше пречка за да „рибарите“ одиграат феноменален натпревар против олимпискиот првак и со втор тим да ја совладаат со 21-29 (10-17). Франција делуваше немоќно против Исланд, се чини дека го потцени вториот состав на оваа селекција.
Магнусон со 10 гола и Кристијансон со девет гола беа први стрелци, Халгримсон беше одличен на голот со 15 одбрани.
На оваа средба македонскиот тандем Начевски и Николов одлично ја завршија својата задача, арбитражата беше одлична, без грешка.
„Рибарите“ предводени од Омар Магнусон и приредија шок на големата Франција, која само двапати имаше водство, на почетокот. Исланѓаните без проблем ја полнеа мрежата на противникот, дојдоа на 6-11, пред крајот на првото полувреме беше 9-17. По одморот не застанаа, напротив продолжија во ист ритам, поведоа со 13-21 и 14-22.
Superb first goal for @HSI_Iceland 🇮🇸 courtesy of Ómar Ingi Magnusson 👍#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/ar2LfTTge2
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2022
Халгримсон беше одличен на голот, не им дозволи на Французите да се вратат во игра, по неговата 11. интервенција, Исланд во 48. минута поведе со девет гола разлика 16-25. Оваа позитива беше доволна за мирен финиш и голема радост.
Со оваа победа, Исланд направи вистински хаос во групата во Будимпешта, битката за првите две места кои водат во следната рунда станува комплицирана.