Екипата на Брегалница на пролет ќе има далеку посилен тим барем што се однесува до средниот ред. Ова може да се претпостави по најновото име кое Штипјани го доведоа и тоа директно на подготовките во Анталија.
Се работи за интернационалецот од Србија, Урош Дамњановиќ кој последно бил дел од тимот на Рад, а своевремено тимот на Партизан го доведе како големо засилување.
Поранешниот младински репрезентативец на Србија во моментов има 21. година, а прерходно има настапувано и за екипата на Слован Братислава, Раднички Ниш, но и Радник Сурдулица.