Локомотива стана филијала на ФК Вардар

857

Како дел од стратегијата за развој на младинските категории фудбалскиот клуб Вардар постигна договор за соработка со фудбалскиот клуб Локомотива од Скопје.

Со овој договор ФК Вардар ги презема терените на ФК Локомотива кои што ќе се користат за тренинг на младинските категории на нашиот најтрофеен клуб, а клубот од Карпош ќе продолжи да функционира како клуб за развој со поддршка од ФК Вардар каде што ќе добиваат шанса за настап помладите играчи на ФК Вардар.

Преку оваа соработка ФК Вардар вложува во програма за континуиран фокус на техничкиот, тактичкиот и физичкиот развој на младите фудбалери во младинските школи со надеж дека во иднина ќе се создадат и развијат фудбалери кои што ќе бидат спремни за настап во првиот тим.
ПретходноГајгер со две победи во Титизе-Нојштад се врати на првото место во генералниот пласман (видео)
СледноНаправија сензација сега се во проблем: Играч ќе го чува голот во осминафиналето со Камерун