Направија сензација сега се во проблем: Играч ќе го чува голот во осминафиналето со Камерун

441

Фудбалската репрезентација на Коморските Острови заедно со Гамбија се сензација на Африканскиот куп на нациите. Комори се пласираа во осминафиналето, а во групата успеа да земе едно од двете места кои водат во наредната фаза и ја исфрлија Гана од игра.

Утре во осминафиналето (понеделник, 20:00 ч.) ќе се соочат со домаќинот Камерун и се најдоа во проблеми. Дури 12 играчи и членови на стручниот штаб се позитивни на Ковид-19, соопштија од Федерацијата.

Првиот чувар на мрежата Бен Боина се повреди на мечот со Гана, другите двајца се позитивни, па според правилникот на голот ќе мора да застане играч затоа што Африканската фудбалска конфедерација не дозволува дополнително да се повика голман.

„Ова е тежок момент за нас, но не ја губиме надежта“, порача спортскиот директор на репрезентацијата Ел Хадад Химиди.

Екипата мора да игра доколку има најмалку 11 достапни играчи, стои во правилото, а доколку нема службено ќе го загуби мечот.

 

ПретходноЛокомотива стана филијала на ФК Вардар
СледноМЗТ Скопје убедливо низ Гевгелија