Македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, продолжуваат да ја преставуваат Македонија на ЕП 2022. Тие утре повторно ќе бидат на паркетот како делители на правдата на мечот меѓу Данска и Холандија.
Нашата судиска двојка несомнено важи за една од најдобрите во светот во последните години и не случајно треба да остане на ова ЕП до самиот крај. Тие утре ќе го имаат својот четврти судиски настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка.