Пријателска во Анталија: “Пандевци“ ремизираа со Нови Пазар!

389

На својата прва контрола во Анталија, фудбалерите на Академија Пандев доцна попладнево одиграа 1:1 против Нови Пазар, тим од Србија. Од она што може да се прочита од сајтот на српскиот тим,  тие дошле во водство во 5.минута и тоа од пенал. Струмичани израмниле на 1:1 во 30.минута, и до крајот останал тој резултат. Во делови на овој пријателски меч Академија Пандев одиграла навистина добро, барем според извештаите од таборот на српскиот тим во кој се наведува дека не бадијала струмичани се втори на табелата во ПМФЛ.

ПретходноЧелзи го совлада Тотенхем, маестрален гол на Зијеш (видео)
СледноТрансфер: Мартин Радуловиќ-Величковиќ потпиша за Слован Братислава!