Сантијаго Родригез е нов играч на Работнички

329

Екипата на Работнички на пролет ќе биде посилна за интернационалецот од Венецуела, Сантијаго Родригез. Се работи за крилен напаѓач кој досега настапувал за тимот на Каракас, кој е актуелен вицешампион на оваа земја.

Работнички за Родригез е првото интернационално искуство, и тој ќе биде големо засилување за тимот.

Минатата сезона тој одигра 28 натпревари за тимот на Каракас и постигна пет гола. Каракас е клуб со 12 шампионски титули во првенството на Венецуела и важи за клуб од кој оитекнуваат огромен број на репрезентативци и интернационалци на Венецуела.

 

ПретходноПрвакот по бодови во Гевгелија, можат ли „академците“ да го сопрат „залетаниот“ Пелистер?
СледноКаљари и Фиорентина си ги поделија бодовите (ВИДЕО)