Арсенал не го победи „фенерџијата“, се уште нема триумф во новата година

95
0

Екипата на Арсенал повторно испушти бодови во трката за висок пласман во Премиер лигата. Денеска на домашен терен во 23. коло одигра без погодоци со Барнли што е нивно трето реми сезонава, а интересно „топчиите“ се уште немаат триумф во новата година.

Да потсетиме загубија од Сити во првенството со 2:1, потоа изгубија од Нотингем во ФА купот, Одиграа 0:0 и доживеаа пораз 0:2 од Ливерпул во полуфиналето на Лига купот, сега не го победија Барнли.

„Топчиите“ се на 6-то место на табелата, Барнли е последен.

А Ливерпул славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 3:1. Головите за „црвените“ ги постигнаа Ван Дајк и Окслејд-Чембрлејн во првото полувреме и Фабињо од пенал во финишот на мечот.

Лестер и Брајтон одиграа 1:1 (Дака и Велбек стрелци во второто полувреме).

ПретходноКаква драма: Косоротов од 15 метри со звукот на сирената и донесе бод на Русија
СледноФојц победи во спустот во Кицбил, Елена Куртони најдобра во Кордина Д’Ампецо