Гајгер со две победи во Титизе-Нојштад се врати на првото место во генералниот пласман (видео)

155

Германскиот ски скокач Карл Гајгер издвојува две победи на скокалницата во германски Титизе-Нојтшад и со тоа го презеде водството во генералниот пласман кое пред настапот на оваа скокалница го држеше Рују Кобајаши. Гајгер се врати на првото место на кое беше се до 1 јануари кога се скокаше на втората скокалница од Новогодишната турнеја.

Интересно, во саботата пласманот во Титизе-Нојштад изгледаше вака: Гајгер прв, втор Словенецот Анже Ланишек, трет Германецот Маркус Ајзенбихлер.

Истиот пласман беше и во вториот натпреварувачки ден. Кобајаши денеска заврши на четвртата позиција исто како и во саботата.

Гајгер води во генералниот пласман со 1097 бодови, втор е Кобајаши со 1036, а трет Гранеруд со 785.

ПретходноНа сестрите Бонавентура им „кидна“ главниот момент – четирите чекори на Косоротов (ВИДЕО)
СледноЛокомотива стана филијала на ФК Вардар