Дебито на Васоски за Сараево проследено со голем инцидент, имало и пукање!!! (ВИДЕО)

4435

Александар Васоски вчера го имаше своето деби на клупата на Сараево. Македонскиот стратег иако успеа да дојде до триумф со 4:0 на контролата со Љубушки, сешак нема да го памети својот прв меч по убаво. Имено на вчерашниот дуел во Љубушки, барем според пишувањето на медиумите во БиХ, се случил голем инцидент а имало и пукање, и тоа е меѓу фановите на Сараево и некои непознати лица.

Околу стотина фанови на Сараево, наречени “Орди на злото“, присуствувале на овој меч, биле на трибините, си се забавувале во Љубушки, но тоа траело се до почетокот на второто полувреме. Потоа некои непознати лица почнале да ги уништуваат нивните возила на паркингот веднаш до стадионот, и се разбира дошло до хаос. Инцидентот траел неколку минути, а притоа се слушнале и неколку истрели, имало и пукање, биле оштетени и неколку столчиња.

После завршување на мечот експедицијата на Сараево без проблеми си заминала, а фановите на овој клуб си заминале претходно, без да го проследат финишот од првиот дел.

Интересно деби имал Васоски…

ПретходноМилвоки може и без грчкиот ѕвер (ВИДЕО)
СледноПерез и Лапорта си пружија рака за неверојатен пакт меѓу Реал и Барса