Елиминиран еден од главните фаворити на Австралија Опен, Надал по историски тај-брејк до 1/4 финале!

8223

Австралија Опен остана без еден од главните кандидати за освојување на пехарот. Александар Зверев е убедливо совладан од Денис Шаповалов 3-0 по сетови 6-3, 7-6(5) и 6-2.

Канадскиот тенисер за првпат ќе игра во четвртфиналето. Во првиот сет му беше доволен еден брејк за да го добие со 6-3, следниот беше полн со пресврти, Зверев имаше 5:3, но Шаповалов се врати и во тај-брејк го доби со 7-5. Третиот сет лесно го реши ја запечати победата со 6-2.

Германецот беше толку нервозен што во еден момент настрада неговиот рекет.

Рафаел Надал се најде во четвртфиналето на Австралија Опен, со 3-0 го совлада Французинот Адријан Манарино, во меч кој траеше 2 часа и 43 минути.

Првиот сет играше еден час и 22 минути. Двајцата тенисери ги добиваа своите сервиси, мораше да се игра теј-брејк. На крајот Надал мораше да ја искористи седмата сет топка и да дојде до 7-6, ова беше историски тај-брејк, кој траеше 28. минути.

Шпанецот психички го доби противникот, без проблем ги доби двата сета со 6-2 и 6-2.

За Надал ова е 14-то учество во четвртфиналето на Гренд слемот во Мелбурн, тој за место во полуфиналето ќе игра токму против Денис Шаповалов.

ПретходноЧупиќ се израмни со Лазаров на вечната листа на стрелци
СледноНов скандал на Австралија Опен: Принудија жена да ја соблече маицата поради Шуај Пенг (ВИДЕО)