Кај Смитс, најдобриот стрелец на ЕП е позитивен!

269

Голем удар за Холандија. Имено нивниот најдобар ракометар и најдобар стрелец на ЕП, Кај Смитс е позитивен на Ковид-19. Ова доаѓа по резултатите од најновите тестирања во репрезентацијата на Холандија.

Покрај Смитс позитивни се уште тројца во експедицијата на Холандија, од кој еден е физиотерапевтот.

Инаку Смитс во досегашниот дел од ЕП има постигнато 45 голови, вчера на мечот со Црна Гора постигна 9.

Холандија до крајот во главната фаза ја очекуваат уште мечевите со Данска и Хрватска.

Познато е дека Холандија и онака имаше големи проблеми со позитивни ракометари, ова се чини дека ќе им направи уште поголеми проблеми.

ПретходноХорват: Им ги затворивме устите на оние кои велеа дека не се бориме!
СледноПромоција: Ѓирмот го претстави Матеј Цветаноски!