Австралија Опен не почна славно, пред се поради Новак Ѓоковиќ и сапуницата која траеше долго време околу визата за престој, а се чини скандалите не застануваат.
На социјалните мрежи се појави нов срамен видео запис. Организаторите не им дозволуваат на гледачите да влезат со маици и транспаренти посветени на Шуај Пенг, за кој се верува дека живее во Кина под ограничена слобода по обвинивањето дека моќен политичар ја силувал.
Новинар на ЕСПН сподели снимка на која обезбедувањето пред влезот во Мелбурн Парк од поситителката бара да ја симне маицата на која стои: Каде е Шуај Пенг? Во целата ситуација се вмеша и полицијата, па мораше и на нив да им објаснува дека испраќа поддршка за тенисерката.
Interestingly, journalists can ask questions about the Peng Shuai situation to players, but fans, seemingly, aren’t allowed to…. #AusOpen pic.twitter.com/SCqNlH2bOx
— Matt Walsh (@MattWalshMedia) January 23, 2022
ЕСПН доби одговор од тамошниот сојуз дека сите се загрижени за Пенг, но дека за време на мечевите на Австралија Опен забрането е да се истакнуваат политички и комерцијални пораки.
Пенг на социјалните мрежи објави дека сексуално било злоупотребена од поранешниот премиер на Кина, Жанг Гао Ли. Оттогаш ВТА и АТП тенисерите и даваа поддршка на Пенг, но ниту еден не успеа да стапи во контакт со неа.