Шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона постигнаа интересен договор.
Шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона постигнаа интересен договор.
Како што пишува „Марка“, претседателите на двата клуба Флорентино Перез и Жоан Лапорта, одлучија да стават крај на непријателството во спортскиот дел. Си пружија рака и постигнаа усмен договор за меѓусебно почитување на играчите кои се под договор.
Перез и Лапорта неофицијално се договориле да не ги „напаѓаат“ играчите кои имаат важечки договор. Оваа спогодба не важи за оние фудбалери чија соработка завршува и ќе можат да направат трансфер во друг тим.
На овој потег се одлучија поради постојаните приказни за трансферите меѓу Реал и Барселона.
Клубовите продолжуваат да ловат бројни ѕвезди од други тимови, за тоа нема договор, но заедно ќе ја гаат идејата за Супер-лига. Заедно со Јувентус тие се најголема опасност за УЕФА, останува да видиме дали ќе успеат да сторат нешто повеќе.