Влијанието кое Кристијано Роналдо го има врз фудбалерите на Манчестер Јунајтед, по се изгледа, станува се посилно. Според „Атлетик“, фудбалерите го следат Португалецот не само на теренот, туку и неговиот животен стил надвор од него. Во однос на исхраната и научниот пристап кон спортот, Роналдо им сугерирал на сите во соблекувалната да престанат да додаваат шеќер во чајот и кафето.
Пред извесно време беше објавено дека Кристијано не бил задоволен од односот на играчите на Јунајтед кон работата и изненаден што тие не работат дополнително во салата. 36-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 14 гола и имаше 3 асистенции на 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања.