Првакот на колена: Норвешка со прва победа над Шпанија после 25 години!

139

Дербито во групата 2, последно од денешната програма во Братислава заврши во корист на Норвешка, која после 25 години успеа да дојде до победа над Шпанија (23-27), и тоа не било каква, туку за продолжување на трката за место во полуфиналето на Европското првенство.

Норвешка не само што успеа да дојде до триумф над „фуријата“ за првпат по 1997 година, туку ја сопре нивната серија од 17 победи во низа на континенталните натпреварувања.

Бартхолд имаше шест гола, Сагосен, Тофт, Рајкинг и Гулеруд имаа по четири погодоци, на другата страна Македа постигна шест гола, Гомез пет.

Норвежаните ја имаа контролата во првиот дел, веднаш наметнаа силно темпо, поведоа со 3-7, на другата страна првите четири гола за Шпанија ги даде Гомез. По 5-10, бранителот на титулата во 18. минута успеа да намали на 8-10, но тоа не промени во играта кај противникот. Во 21. минута поведе со нови плус четири 9-13, а по реализацијата на Шпанија за 10-13 следеше „пост“ на двете страни. После седум минути Норвешка стави крај на бркотницата на теренот и серијата на промашувања, се разбуди и Шпанија, на одморот намали на 11-14.

Норвешка во првите 15. минути играше без Сагосен, кој остана на клупата. Шпанција успеа на момент да фати ритам, намали на 19-20 си головите на Македа и Касадо, но веднаш следеше одговор, серија 4-0 за 19-24 во 50. минута. Ова беше период во кој „фуријата“ грешеше, цели десет минути беше без погодок. Македа успеа конечно да ја погоди мрежата на противникот. Претходно, Шпанија во очај направи и промена на голманите, влезе Коралес на местото на Де Варгас. Не помогна ниту ова, актуелниот првак беше на колена немаше доволно време за пресврт. Серевас кој влезе пред крајот фати две важни топки.

Патниците во полуфиналето ќе бидат одлучени за два дена, Шпанија игра со Полска, додека Норвешка со Шведска.

Норвешка е лидер со шест бода исто колку и Шведска и Шпанија, следува Русија, Германија и Полска.

ПретходноПартизан е победник на турнирот по повод 75-годишнината на ОК Вардар (ФОТО)
СледноТунис е вториот четвртфиналист на Купот на африкански нации (ВИДЕО)