Она што „Спортмедиа“ го најави ексклузивно пред два дена, од денеска е и официјално. Матеј Цветаноски, досегашниот напаѓач на Шкупи и официјално е ново име во Ѓирмот, прволигашки тим од Унгарија.
При промоцијата на Македонецот, се вели дека Ѓирмот успеал да ангажира квалитетен фудбалер кој и тоа како треба да му помогне на тимот во остварување на амбициите во пролетниот дел.
Инаку Цветаноски е “дете“ на Македонија ЃП, а има играно и за екипите на Пелистер, Вардар и како што рековме веќе во тимот на Шкупи.