Реал губеше 0:2 од Елче до 82. минута, па извлече бод (видео)

279

Интересен меч на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид одиграа Реал и Елче. „Кралевите“ за малку ќе останеа без бодови затоа што губеа од Елче до 82. минута, а потоа ги свртеа работите во своја корист и спасија бод.

Домашните можеа да ги потегнат конците на мечот во 33. минута кога добија пенал, меѓутоа Карим Бензема го промаши. Тоа е прво промашување на францускиот репрезентативец во дресот на Реал, а претходно имаше 13 точни пенали.
Тоа како да беше наговестување дека денеска „кралевите“ ќе имаат многу проблеми. Во 42. минута Лукас Боје го отвори резултатот со голот за воство на Елче.

Логично, во вториот дел Реал притисна на голот на Елче, а голманот Едгар Бадија имаше неколку успешни одбрани. Во 52. минута судијата свирна пенал за Реал, но по проверка со ВАР ја поништи одлуката. Еден Азар падна во казнениот простор по дуелот со Паласиос, а првично судијата мислеше дека е фаул, меѓутоа потоа процени дека контактот бил во рамките на правилата.
Во 76. минута Пере Миља излезе сам во дуел со Куртоа и погоди.

Сепак, работите се свртеа во 82. минута кога судијата покажа трет пенал за Реал. Овојпат оправдан по игра со рака на еден играч на Елче. Модриќ погоди за 1:2, а во 92 минута Милитао погоди за 2:2 и бод.
Реал по 22 кола има 50 бода, четири повеќе од вториот Севиља. Елче е 15-ти на табелата.

ПретходноФојц победи во спустот во Кицбил, Елена Куртони најдобра во Кордина Д’Ампецо
СледноНа сестрите Бонавентура им „кидна“ главниот момент – четирите чекори на Косоротов (ВИДЕО)