Екипата на Работнички на пролет ќе биде посилна за интернационалецот од Венецуела, Сантијаго Родригез. Се работи за крилен напаѓач кој досега настапувал за тимот на Каракас, кој е актуелен вицешампион на оваа земја.
Работнички за Родригез е првото интернационално искуство, и тој ќе биде големо засилување за тимот.
Минатата сезона тој одигра 28 натпревари за тимот на Каракас и постигна пет гола. Каракас е клуб со 12 шампионски титули во првенството на Венецуела и важи за клуб од кој оитекнуваат огромен број на репрезентативци и интернационалци на Венецуела.